-
Вратете се кон Господа
-
|Oséias 14:1| Самарија ќе страда, зашто се крена против својот Бог; од меч ќе паднат тие, нивните деца на камен ќе бидат разбивани, а бремените жени ќе бидат распарувани.
-
-
-
|Oséias 14:2| Врати се, Израиле, кај Господ твојот Бог; зашто ти пропаѓаш поради своето беззаконие.
-
-
-
|Oséias 14:3| Подгответе се молитвено, и обратете се кон Господ и речете Му: „Прости ни ги сите беззаконија наши и прими го тоа што е добро, а ние ќе принесеме жртва од устата наша.“
-
-
-
Господ ветува простување
-
|Oséias 14:4| Ашур повеќе нема да нѐ спасува; и нема повеќе да јаваме на коњи и на своите уметнички творби да им велиме: „О, богови наши; зашто само Ти си милосрден кон сираци.“
-
-
-
|Oséias 14:5| Ќе ги излекувам од одметнувањето нивно, благонаклоно ќе ги засакам, зашто гневот Мој се одврати од нив.
-
-
-
|Oséias 14:6| Јас ќе бидам роса за Израил; тој ќе цвета како крин и ќе пушти корења како дрвјата на Ливан.
-
-
-
|Oséias 14:7| Ќе се рашират гранките негови, и убавината негова ќе биде како убавина на маслина, и мирисот од него како мирис од Ливан.
-
-
-
|Oséias 14:8| Ќе се вратат под Мојата сенка, и ќе имаат жито во изобилие — па ќе цветаат како лоза, ќе станат славни како виното леванонско.
-
-
-
|Oséias 14:9| Зошто ти се идолите, Ефреме? Јас те слушам и се грижам за тебе; Јас сум како зелен кипарис: од Мене ти доаѓаат плодовите.
-
-
-
|Oséias 14:10| Кој е мудар, нека го разбере ова; кој е разумен нека го познае тоа. Зашто патиштата Господови се прави, и праведниците одат по нив, а беззакониците се сопнуваат од нив.
-
-
Português
Italiano
Espanhol
Inglês
Francês
Árabe
Mandarim
Hindu
Alemão
Писмо: Стандардна Библија
