-
Неверството на Израил
-
|Oséias 4:1| Чујте го словото Господово, синови Израилеви; зашто Господ ќе им суди на жителите од оваа земја, зашто нема ни вистина, ни милосрдие, ниту знаење за Бога на земјата.
-
-
-
|Oséias 4:2| Клетва и измама, убиство, кражби и прељубодејства многу се распространија, и една крв по друга крв се лее.
-
-
-
|Oséias 4:3| Затоа таа земја ќе тагува, и ќе гинат сите, што живеат на неа, заедно со полските животни и птиците небески; дури и рибите во морето ќе загинат.
-
-
-
Опомена за свештениците
-
|Oséias 4:4| Но никој да не се суди и никој никого да не обвинува; но со тебе свештенику, морам да се судам!
-
-
-
|Oséias 4:5| Ти ќе се препнуваш дење, и со тебе пророкот се препнува ноќе, а Јас ќе ја погубам твојата мајка.
-
-
-
|Oséias 4:6| Мојот народ гине што нема разум, зашто ти си го отфрлил разумот, и Јас ќе те отфрлам од Моето свештенство; бидејќи го заборави законот на својот Бог, и Јас ќе ги заборавам децата твои.
-
-
-
|Oséias 4:7| И колку повеќе се размножуваа, толку повеќе и грешеа против Мене; затоа славата нивна ќе ја претворам во срам.
-
-
-
|Oséias 4:8| Тие се хранат со гревовите на Мојот народ, и кон беззаконијата негови се стреми душата нивна.
-
-
-
|Oséias 4:9| И што ќе стане со народот, тоа ќе се случи и со свештеникот; ќе го казнам според патиштата негови и ќе му платам според делата негови.
-
-
-
|Oséias 4:10| Ќе јадат — и нема да се наситуваат; ќе блудствуваат и нема да се размножуваат, зашто престанаа да Му служат на Господ.
-
-
Português
Italiano
Espanhol
Inglês
Francês
Árabe
Mandarim
Hindu
Alemão
Писмо: Стандардна Библија
