-
Божјата љубов нуди надеж
-
|Oséias 3:1| Потоа Господ ми рече: „Оди и повторно засакај ја жената, која ги сака злото и прељубата, како што Господ ги сака синовите Израилеви, а тие гледаат по туѓи богови и ги сакаат нивните пити од грозје.“
-
-
-
|Oséias 3:2| Ја откупив за петнаесет сребреници и за гомер и полугомер јачмен;
-
-
-
|Oséias 3:3| па ѝ реков: „Ќе останеш кај мене подолго време; не блудствувај и не оди со други; а и јас нема да ти приоѓам.“
-
-
-
|Oséias 3:4| Зашто синовите Израилеви ќе останат долго време без цар, без кнез и без жртви, без жртвеник, без ефод и без јавување.
-
-
-
|Oséias 3:5| Потоа синовите Израилеви ќе се повратат и ќе Го побараат Господ, својот Бог, и Давид, својот цар, ќе се чудат пред Господ на Неговата благост во последните дни.
-
-
Português
Italiano
Espanhol
Inglês
Francês
Árabe
Mandarim
Hindu
Alemão
Писмо: Стандардна Библија
