2 Samuel

  • Давидовата болка

  • |2 Samuel 19:1| Му соопштија на Јоав: „Ете, царот плаче и тагува за Авеса­лом.“

  • |2 Samuel 19:2| И победата во оној ден се претвори во плачење за целиот народ: зашто тој ден народот слушна и велеше дека царот жали за синот свој.

  • |2 Samuel 19:3| Тогаш народот влегуваше во градот скришно, како што се притајуваат од срам луѓето што избегале од борба.

  • |2 Samuel 19:4| А царот го покри лицето и викаше силно: „Сине Авесаломе, Авесаломе, сине мој, сине!“

  • |2 Samuel 19:5| Потоа Јоав дојде кај царот дома и рече: „Ти денес ги посрами сите слуги свои, кои го спасија денес животот твој, животот на твоите синови и ќерки, животот на твоите жени и животот на твоите наложници;

  • |2 Samuel 19:6| ти ги сакаш оние што те мразат, а ги мразиш оние што те сакаат, бидејќи де­нес покажа дека за тебе се ништо и во­дачите и слугите; денес разбрав дека тебе ќе ти беше попријатно ако Авеса­лом останеше жив, а ние сите да бевме изумреле;

  • |2 Samuel 19:7| затоа стани, излези и позборувај им по срце на слугите твои; зашто, се колнам во Господ дека, ако не излезеш, оваа ноќ ниеден човек нема да остане со тебе; тоа ќе биде за тебе полошо од сите беди што те снашле од младоста до денес.“

  • |2 Samuel 19:8| Стана царот и седна крај портите, а на сиот народ му јавија дека царот седи крај портите. И сиот народ дојде пред царот кај портите; а приврзаниците на Авесалом се разбегаа по шаторите свои.
  • Давид е повикан да се врати во Ерусалим

  • |2 Samuel 19:9| И сиот народ од сите племиња Из­раилеви се препираше и велеше: „Ца­рот Давид нѐ спаси од рацете на непријателите наши и нѐ ослободи од рацете на Филистејците, а сега самиот избега од оваа земја, од царството свое, од Авесалом.

  • |2 Samuel 19:10| Но Авесалом, кого го помазавме за цар над нас, умре во борбата; а сега зошто одолговлекувате, та не го враќате царот?“ (Овие зборови на сиот Израил стигнаа до царот).


COOKIES

Utilizamos cookies para oferecer melhor experiência, melhorar o desempenho, analisar como você interage em nosso site e personalizar conteúdo. Ao utilizar este site, você concorda com o uso de cookies.

Dados Essenciais

Os dados essenciais são necessários para executar o site que você está visitando. Você não pode desativá-los.