-
|2 Samuel 19:31| Дојде од Рогелим и Галадчанецот Верзелиј и го мина со царот Јордан за да го придружи од онаа страна на Јордан.
-
-
-
Давид му се оддолжува на Верзелиј
-
|2 Samuel 19:32| А Верзелиј беше многу стар, на осумдесет години. Тој го хранеше царот додека живееше во Маханаим, бидејќи беше имотен човек.
-
-
-
|2 Samuel 19:33| Царот му рече на Верзелиј: „Дојди со мене, и јас ќе те хранам во Ерусалим.“
-
-
-
|2 Samuel 19:34| Но Верзелиј му одговори на царот: „Многу ли ми останува да живеам, та да одам со царот во Ерусалим?
-
-
-
|2 Samuel 19:35| Сега сум на осумдесет години; ќе разликувам ли добро од лошо? Ќе го распознае ли слугата твој вкусот на тоа што ќе го јаде и ќе го пие? И ќе можам ли да го слушам гласот на пејачите и пеачките? Зошто, пак, слугата твој да му биде товар на својот цар — господар?
-
-
-
|2 Samuel 19:36| Слугата твој ќе го придружи уште малку царот од оваа страна на Јордан: зашто, впрочем, царот да ме наградува со таква милост?
-
-
-
|2 Samuel 19:37| Дозволи му на слугата твој да се врати и да умре во својот град, крај гробот на татко си и на мајка си. Но, ете, слугата твој, синот мој Кимхам, нека отиде со мојот цар — господар, и ти постапи со него, како што ти е волја.“
-
-
-
|2 Samuel 19:38| Царот му рече: „Нека дојде Кимхам со мене, и јас ќе направам за него, она што ти е волја; и сѐ што би посакал ти од мене, ќе направам за тебе.“
-
-
-
|2 Samuel 19:39| Тогаш сиот народ го премина Јордан, и царот исто така. Царот го бакна Верзелиј и го благослови и тој се врати во домот свој.
-
-
-
|2 Samuel 19:40| И царот тргна за Гилгал; тргна со него и Кимхам; и сиот јудејски народ и половината израилски народ го придружија царот.
-
-
Português
Italiano
Espanhol
Inglês
Francês
Árabe
Mandarim
Hindu
Alemão
Писмо: Стандардна Библија
