-
Ветување од Бога за Давид и неговите потомци
-
|2 Samuel 7:1| Откако царот заживеа во својот дом, и Господ го беше успокоил од сите негови околни непријатели,
-
-
-
|2 Samuel 7:2| царот му рече на пророкот Натан: „Ете, јас живеам во кедров дом, а Божјиот ковчег стои под шатор.“
-
-
-
|2 Samuel 7:3| А Натан му одговори на царот: „Оди, прави сѐ што ти е на срце, зашто Господ е со тебе.“
-
-
-
|2 Samuel 7:4| Но во истата ноќ дојде ова слово Господово до Натан:
-
-
-
|2 Samuel 7:5| „Оди, кажи му на Мојот слуга Давид: Вака говори Господ: ‚Ти ли ќе Ми изградиш дом за да живеам во него,
-
-
-
|2 Samuel 7:6| кога Јас не сум живеел во дом, откако ги изведов синовите Израилеви од Египет и до денес, но престојував во шаторот и во скинијата.
-
-
-
|2 Samuel 7:7| Каде и да одев со сите синови Израилеви, му кажав ли барем еден збор на некое од племињата, на кое сум му наложувал да го пасе Мојот народ Израил: зошто не ми изградивте кедров дом?‘
-
-
-
|2 Samuel 7:8| А сега, кажи му така на мојот слуга Давид: вака вели Господ Саваот: ‚Јас те зедов од овчото стадо за да бидеш водач на Мојот народ Израил;
-
-
-
|2 Samuel 7:9| и секогаш бев со тебе, каде и да одеше, ги истребував пред твои очи сите твои непријатели, и ќе го возвеличам твоето име, како името на големите луѓе на земјата.
-
-
-
|2 Samuel 7:10| Јас ќе одредам место за Мојот народ, за Израил, ќе го утврдам, и тој спокојно ќе живее на своето место и нема повеќе да се обеспокојува, и нечесните луѓе нема повеќе да го понижуваат, како порано,
-
-
Português
Italiano
Espanhol
Inglês
Francês
Árabe
Mandarim
Hindu
Alemão
Писмо: Стандардна Библија
