-
Баана и Рихав го убиваат Ишбошет
-
|2 Samuel 4:1| Сауловиот син Ишбошет, откако слушна дека Авенир умрел во Хеврон, му отпаднаа рацете, и целиот Израил се вознемири.
-
-
-
|2 Samuel 4:2| Сауловиот син имаше двајца воени началници: едниот се викаше Баана, а другиот — Рихав, синови на Бееротеецот Римон, од Венијаминовите потомци, бидејќи и Беерот се вбројуваше кон Венијамин.
-
-
-
|2 Samuel 4:3| И Бееротејците избегаа во Гитаим и таму останаа да живеат како туѓинци до денес.
-
-
-
|2 Samuel 4:4| Јонатан, Сауловиот син, имаше куц син. Синот беше на пет години, кога од Израил дојде известување за Саул и Јонатан, а доилката, го зела, и избегала. Бидејќи таа бегала брзо, тој паднал и останал сакат. Името му беше Мемфивостеј.
-
-
-
|2 Samuel 4:5| И синовите на Бееротеецот Римон, Рихав и Баана тргнаа и стигнаа по најголемата дневна горештина до куќата на Ишбошет, кој спиеше попладне во леглото свое.
-
-
-
|2 Samuel 4:6| (А вратарот на куќата, кој чистеше пченица, беше задремал и заспал); Рихав и братот негов Баана влегоа во куќата, небаре да земат пченица, го прободоа во стомакот и избегаа.
-
-
-
|2 Samuel 4:7| Кога тие влегоа во куќата, тој лежеше на леглото свое, во својата спална; тие го удрија и го убија; ја пресекоа главата негова, ја зедоа со себе и цела ноќ одеа по пустинскиот пат;
-
-
-
|2 Samuel 4:8| му ја донесоа на Давид во Хеврон главата на Ишбошет и му рекоа на царот: „Еве ја главата на Ишбошет, синот на Саул, кој ја бараше душата твоја; сега Господ се одмазди за мојот господар на царот Саул, твојот непријател, и на потомството негово.“
-
-
-
|2 Samuel 4:9| Давид му одговори на Рихав и на братот негов Баана, синови на Бееротеецот Римон, и им рече: „Се колнам во Господ, Кој ја спаси душата моја од секаква жалост,
-
-
-
|2 Samuel 4:10| дека ако тогаш, кој ми донесе известување, велејќи: ‚Ете, умреа Саул и Јонатан‘, и кој се мислеше за радосен известител, јас го фатив и го убив во Циклаг, наместо да му дадам награда,
-
-
Português
Italiano
Espanhol
Inglês
Francês
Árabe
Mandarim
Hindu
Alemão
Писмо: Стандардна Библија
