-
Амнон и Тамара
-
|2 Samuel 13:1| Потоа се случи ова: Давидовиот син Авесалом имаше сестра убавица, по име Тамара, и Амнон, Давидовиот син, се вљуби во неа.
-
-
-
|2 Samuel 13:2| И Амнон толку се мачеше што се разболе по сестра си Тамара зашто таа беше девица, и на Амнон му се виде дека ќе биде многу тешко да направи нешто со неа.
-
-
-
|2 Samuel 13:3| Но Амнон имаше пријател, по име Јонадав, син на Шима, Давидов брат; а Јонадав беше многу итар човек.
-
-
-
|2 Samuel 13:4| И тој му рече: „Зошто толку слабееш од ден на ден, царски сине, нема ли да ми кажеш?“ Амнон му одговори: „Јас ја сакам Тамара, сестрата на братот мој Авесалом.“
-
-
-
|2 Samuel 13:5| Јонадав му рече: „Легни на леглото свое и направи се болен; и кога ќе дојде татко ти да те види, кажи му: Нека дојде сестра ми Тамара и да ми даде да јадам, и да зготви пред мои очи јадење, да го видам и да јадам од нејзините раце.“
-
-
-
|2 Samuel 13:6| Амнон легна и се направи болен, и царот дојде да го види; Амнон тогаш му рече на царот: „Нека дојде сестра ми Тамара и да приготви пред мои очи две слатки питки, та да каснам од рацете нејзини.“
-
-
-
|2 Samuel 13:7| Давид испрати човек во куќата да ѝ каже на Тамара: „Оди во куќата на братот свој Амнон и зготви му јадење.“
-
-
-
|2 Samuel 13:8| Таа отиде во куќата на својот брат Амнон, а тој лежеше. Таа зеде брашно, замеси, приготви питки пред неговите очи и ги испече;
-
-
-
|2 Samuel 13:9| ја зеде тавата и ги стави пред него, но тој не сакаше да јаде. Тогаш рече Амнон: „Нека излезат сите што се покрај мене.“ И излегоа сите луѓе што беа покрај него.
-
-
-
|2 Samuel 13:10| И Амнон ѝ кажа на Тамара: „Однеси го јадењето во внатрешната соба, и јас ќе каснам од твоите раце.“ Тамара ги зеде питките што ги беше приготвила, и му ги однесе на брата си Амнон во внатрешната соба.
-
-
Português
Italiano
Espanhol
Inglês
Francês
Árabe
Mandarim
Hindu
Alemão
Писмо: Стандардна Библија
