-
|2 Samuel 19:21| Авеса, Саруевиот син, проговори и рече: „Зарем Семеј нема да умре, поради тоа што зборуваше лошо за помазаникот Господов?“
-
-
-
|2 Samuel 19:22| А Давид рече: „Што сакате вие од мене, синови Саруеви, та сега ми станувате клеветници? Денес ли треба да биде убиен некој од Израил? Не знам ли јас дека денес сум цар над Израил?“
-
-
-
|2 Samuel 19:23| Тогаш му рече царот на Семеј: „Ти нема да умреш.“ И царот му се заколна.
-
-
-
|2 Samuel 19:24| Излезе да го пречека царот и Мемфивостеј, синот на Јонатан, Сауловиот син. Тој не си ги беше измил нозете, (ниту ги исекол ноктите), не беше се грижел за брадата своја и не ги беше испрал алиштата свои од оној ден, кога царот излезе, до денот кога се врати со мир.
-
-
-
Давид се помирува со Мемфивостеј
-
|2 Samuel 19:25| Кога тој излезе од Ерусалим да го пречека царот, царот го праша: „Мемфивостеје, зошто не дојде со мене?“
-
-
-
|2 Samuel 19:26| Овој одговори: „Господаре мој, царе, мојот слуга ме излага, зашто јас, слугата твој, си велев: ‚ќе го оседлам магарето, ќе се качам на него и ќе отидам со царот‘, бидејќи слугата твој е куц.
-
-
-
|2 Samuel 19:27| А тој го наклевети слугата твој пред господарот мој, царот. Но мојот господар, царот, е како ангел Божји: затоа прави што ти се чини добро во твоите очи.
-
-
-
|2 Samuel 19:28| И ако и целиот дом на мојот татко заслужи смрт пред мојот господар, ти сепак го постави својот слуга меѓу твоите сотрпезници; какво право имам, пак, уште да се поплакувам пред царот?“
-
-
-
|2 Samuel 19:29| А царот му рече: „Зошто го зборуваш сето ова? Јас реков, ти и Сива да ги поделите меѓу себе нивите.“
-
-
-
|2 Samuel 19:30| Но Мемфивостеј му одговори на царот: „Ако сака нека земе тој сѐ, откако мојот господар — цар се врати со мир во домот свој.“
-
-
Português
Italiano
Espanhol
Inglês
Francês
Árabe
Mandarim
Hindu
Alemão
Писмо: Стандардна Библија
