-
|1 Crônicas 12:31| од половината од племето Манасиево — осумнаесет илјади, кои поименично беа повикани, за да одат да го зацарат Давид;
-
-
-
|1 Crônicas 12:32| од синовите Исахарови дојдоа мажи разумни, кои ги познаваа времињата и знаеја кога и што треба да изврши Израил; тие беа двесте началници, и сите браќа нивни беа под нивно заповедништво;
-
-
-
|1 Crônicas 12:33| од племето Завулоново имаше готови за борба, вооружени со секакви воени оружја, педесет илјади, во строј, еднодушни;
-
-
-
|1 Crônicas 12:34| од племето Нефталимово — илјада војводи и со нив триесет и седум илјади со штитови и копја;
-
-
-
|1 Crônicas 12:35| од племето Даново — дваесет и осум илјади и шестотини, спремни за војна;
-
-
-
|1 Crônicas 12:36| од Асир — четириесет илјади војници, подготвени за борба;
-
-
-
|1 Crônicas 12:37| од онаа страна на Јордан, од племињата на Рувим и Гад и од другата половина од племето Манасиево, сто и дваесет илјади, со секакво воено оружје.
-
-
-
|1 Crônicas 12:38| Сите тие борци, наредени во строј, дојдоа со искрено срце во Хеврон, за да го зацарат Давид над целиот Израил. Па и сите други Израилци беа еднодушни да го зацарат Давид.
-
-
-
|1 Crônicas 12:39| И останаа таму кај Давид три дена, јадеа и пиеја, зашто браќата им беа подготвиле сѐ за нив;
-
-
-
|1 Crônicas 12:40| па и оние што беа поблиску до нив, дури до Исахаровото, Завулоновото и Нефталимовото племе, им донесуваа на магариња, камили, маски и волови сѐ за јадење: брашно, смокви, суво грозје, вино и масло, како и многу ситен и крупен добиток, бидејќи радоста беше голема за Израил.
-
-
Português
Italiano
Espanhol
Inglês
Francês
Árabe
Mandarim
Hindu
Alemão
Писмо: Стандардна Библија
