-
Давид го пренесува ковчегот на заветот
-
|1 Crônicas 13:1| Давид се советуваше со илјадниците, стотниците и со секој водач,
-
-
-
|1 Crônicas 13:2| и му кажа на целото собрание израилско: „Ако ви е угодно, и ако благоволи Господ, Бог наш, да испратиме до другите наши браќа насекаде по целата израилска земја, а исто така и до свештениците и левитите во градовите и селата нивни, за да се соберат кај нас,
-
-
-
|1 Crônicas 13:3| и да го пренесеме ковчегот на нашиот Бог кај нас, зашто во времето на Саул не се обраќавме кон него.“
-
-
-
|1 Crônicas 13:4| И целото собрание рече: „Така нека биде!“ зашто тоа му се виде праведно на целиот народ.
-
-
-
|1 Crônicas 13:5| Така Давид ги собра сите Израилци, од Шихор египетски до влезот во Хамат, за да го пренесат ковчегот Божји од Кирјат-Јарим.
-
-
-
|1 Crônicas 13:6| И отиде Давид и сиот Израил во Кирјат-Јарим, што е во Јудеја, за да го пренесат оттаму ковчегот на Бог, Господ, Кој седи на херувими, врз кого се повикува Неговото име.
-
-
-
|1 Crônicas 13:7| И го повезоа ковчегот на нова кола од домот Авинадавов, а Оза и Ахјо ја водеа колата.
-
-
-
|1 Crônicas 13:8| Давид, пак, и сите Израилци играа со сета сила пред Бога, во придружба на гусли, псалтири, тимпани и труби.
-
-
-
|1 Crônicas 13:9| Кога стигнаа до Кидоновото гумно, Оза посегна со раката да го придржи ковчегот, бидејќи воловите го беа настраниле.
-
-
-
|1 Crônicas 13:10| Но Господ се разгневи на Оза и го погуби поради тоа што посегна со рака кон ковчегот, и тој умре на самото место пред Божјото лице.
-
-
Português
Italiano
Espanhol
Inglês
Francês
Árabe
Mandarim
Hindu
Alemão
Писмо: Стандардна Библија
