-
Давид се носи со мислата да Му изгради храм на Господ
-
|1 Crônicas 17:1| Кога Давид живееше во својот дом, му рече на пророкот Натан „Еве, јас живеам во кедров дом, а ковчегот на заветот Господов е под шатор.“
-
-
-
|1 Crônicas 17:2| А Натан му одговори на Давид: „Прави сѐ што ти е на срце, зашто Господ е со тебе.“
-
-
-
|1 Crônicas 17:3| Но во истата ноќ му дојде словото Божјо на Натан:
-
-
-
|1 Crônicas 17:4| „Оди и кажи му на слугата Мој Давид: вака вели Господ: Ти нема да ми изградиш дом, каде што ќе живеам,
-
-
-
|1 Crônicas 17:5| зашто Јас не сум живеел во дом од денот кога ги изведов синовите Израилеви, и до денес, а одев од шатор во шатор и од живеалиште во живеалиште.
-
-
-
|1 Crônicas 17:6| Каде и да одев со сиот Израил, му реков ли, макар и збор, на некого од судиите израилски, на кои им бев заповедал да му бидат пастири на Мојот народ: ‚зошто не ми изградите кедров дом?‘
-
-
-
|1 Crônicas 17:7| И сега вака кажи му на Мојот слуга Давид: вака вели Господ Саваот: Те зедов од овчото стадо, за да те направам водач на Мојот народ Израил;
-
-
-
|1 Crônicas 17:8| бев со тебе секогаш, каде и да одеше, ги поразив сите твои непријатели пред лицето твое и го направив името твое како името на великаните по земјата;
-
-
-
|1 Crônicas 17:9| подготвив место за Мојот народ Израил, го зацврстив, и тој ќе живее спокојно на своето место, и нема повеќе да го вознемируваат, нечестивите нема повеќе да го притискаат, како порано,
-
-
-
|1 Crônicas 17:10| во она време кога Јас бев поставил судии над Мојот народ Израил, и Јас ги бев покорил сите твои непријатели, и те известив дека Господ ќе ти изгради дом.
-
-
Português
Italiano
Espanhol
Inglês
Francês
Árabe
Mandarim
Hindu
Alemão
Писмо: Стандардна Библија
