-
Освојување на градот Рава
-
|1 Crônicas 20:1| По една година, во времето, кога царевите излегуваа во војна, Јоав ја изведе војската и почна да ја опустошува амонската земја, и отиде, па ја опседна Рава. А Давид беше останал во Ерусалим. Јоав ја освои Рава и ја разруши.
-
-
-
|1 Crônicas 20:2| И го зеде Давид венецот на царот нивен од главата негова; во него се најде талант злато на мерка, и скапоцени камења имаше на него; му го ставија на главата на Давид. И прилично голем плен изнесоа од градот.
-
-
-
|1 Crônicas 20:3| А луѓето, што беа во него, ги изведуваше и ги тераше да работат со триони, со железни чекани и секири. Така постапи Давид со амонските градови; па се врати Давид и сиот народ во Ерусалим.
-
-
-
Борба против филистејските џинови
-
|1 Crônicas 20:4| Потоа изби војна со Филистејците во Гезер. Тогаш Хушанецот Сивхај го уби Сипај, еден од Рефаимовите потомци. И тие беа покорени.
-
-
-
|1 Crônicas 20:5| И пак имаше војна со Филистејците. Тогаш Елханан, синот Јаиров, го уби Лахмиј, Голијатовиот брат, од Гет, на кого дршката на копјето беше колку ткаечко кросно.
-
-
-
|1 Crônicas 20:6| Имаше борба и во Гет. Таму имаше еден човек со голем раст, на кого прстите му беа по шест — вкупно дваесет и четири. И тој беше од Рефаимовите потомци.
-
-
-
|1 Crônicas 20:7| Тој го навредуваше Израил, но Јонатан, син на Давидовиот брат Шима, го уби.
-
-
-
|1 Crônicas 20:8| Тие се беа родиле од Рефаимовците во Гет, и паднаа од раката на Давид и од рацете на слугите негови.
-
-
Português
Italiano
Espanhol
Inglês
Francês
Árabe
Mandarim
Hindu
Alemão
Писмо: Стандардна Библија
