-
Потомците на Исахар
-
|1 Crônicas 7:1| Синови Исахарови беа: Тола, Пуа, Јашув и Шиврон, четворица.
-
-
-
|1 Crônicas 7:2| Синови Толови: Озиј, Рефаја, Јериел, Јахмај, Јивсам и Самоил, началници на домовите во Толовите поколенија, мажи воинствени во своите родови; нивниот број во времето на Давид беше дваесет и две илјади и шестотини.
-
-
-
|1 Crônicas 7:3| Озиев син: Јизрахија; а Јизрахиеви синови: Михаил, Авдија, Јоил и Јишија — петмина. Сите тие беа началници.
-
-
-
|1 Crônicas 7:4| Тие имаа, според родовите свои и поколенијата свои, триесет и шест илјади војска подготвена за борба, зашто имаа многу жени и синови.
-
-
-
|1 Crônicas 7:5| А браќата нивни во сите поколенија Исахарови беа до осумдесет и седум илјади, мажи борбени, запишани во родословните списоци.
-
-
-
Потомци на Венијамин и Дан
-
|1 Crônicas 7:6| Венијамин имаше синови: Бела, Бехер и Једиаел — тројца.
-
-
-
|1 Crônicas 7:7| Синови на Бела: Ецбон, Озиј, Узиил, Јеремот и Ири — петмина, началници, мажи воинствени. Во родословните списоци запишани дваесет и две илјади триесет и четири.
-
-
-
|1 Crônicas 7:8| Синови Бехерови: Земира, Јоас, Елиезер, Елиоенај, Амвриј, Јеремот, Авија, Анатот и Алемет; сите тие се синови Бехерови.
-
-
-
|1 Crônicas 7:9| Во родословните списоци од нив се запишани, по родовите и по старешинство, мажи борбени — дваесет илјади и двесте.
-
-
-
|1 Crônicas 7:10| Једиаелов син: Билхан; синови Билханови: Јеус, Венијамин, Аод, Кенаана, Зетан, Тарсис, Ахишахар.
-
-
Português
Italiano
Espanhol
Inglês
Francês
Árabe
Mandarim
Hindu
Alemão
Писмо: Стандардна Библија
