-
|1 Crônicas 12:11| шести — Атај, седми — Елиил,
-
-
-
|1 Crônicas 12:12| осми — Јоханан, деветти — Елзавад,
-
-
-
|1 Crônicas 12:13| десетти — Еремија, единаесетти — Махбанај.
-
-
-
|1 Crônicas 12:14| Тие, синовите Гадови, беа началници во војската: најмалиот над сто души, а најголемиот над илјада.
-
-
-
|1 Crônicas 12:15| Тие минаа преку Јордан во првиот месец, кога тој се излива од бреговите свои, и ги прогонија сите оние што живееја во долините кон исток и кон запад.
-
-
-
Давидови следбеници од племињата на Венијамин и Јуда
-
|1 Crônicas 12:16| Исто така и синовите Венијаминови и Јудини дојдоа во тврдината кај Давид.
-
-
-
|1 Crônicas 12:17| Давид излезе да ги пресретне и им рече: „Ако сте дошле со мир кај мене, за да ми помагате, тогаш јас и вие да имаме едно срце; но, ако доаѓате за да ме предадете со заговор на непријателите мои, кога нема во рацете мои неправда, Бог на татковците наши нека види и нека суди.“
-
-
-
|1 Crônicas 12:18| И духот го поттикна Амасај, началникот на триесеттемина, и тој рече: „Мир на тебе, Давиде, мир со тебе сине Јесеев! Мир на тебе, мир и на твоите помошници! Зашто твојот Бог ти помага.“ Тогаш Давид ги прими и ги постави на чело на војската.
-
-
-
Давидови следбеници од племето на Манасија
-
|1 Crônicas 12:19| И од Манасиевото племе преминаа некои кон Давид, кога војуваше со Филистејците против Саул. Но Давид не им помогна на Филистејците, зашто војводите филистејски, откако се посоветуваа, го испратија, велејќи: „За наше зло тој ќе побегне кај својот господар Саул.“
-
-
-
|1 Crônicas 12:20| Кога се враќаше Давид во Циклаг, прибегнаа кон него луѓето Манасиеви: Аднах, Јозавад, Михаил, Јозавад, Елијуј, Цилтај, илјадници кај Манасија.
-
-
Português
Italiano
Espanhol
Inglês
Francês
Árabe
Mandarim
Hindu
Alemão
Писмо: Стандардна Библија
