-
Јудејците ги поправаат ѕидиштата на Ерусалим
-
|Neemias 3:1| И стана Елијашив, првосвештеникот, и браќата негови — свештениците, и ги изградија Овчите Порти: ги ставија вратите нивни и ги осветија и продолжија да ѕидаат од Кулата на Стотината до Кулата на Хананел.
-
-
-
|Neemias 3:2| До нив градеа ерихонците, а веднаш до нив ѕидаше Закур, син на Имриј.
-
-
-
|Neemias 3:3| Рибната Порта ја изградија жителите на Сенаа: тие ја покрија и ги ставија крилата нејзини, клучалниците нејзини и резињата нејзини.
-
-
-
|Neemias 3:4| До нив Меремот, син на Урија и внук на Хакоц, го поправаше ѕидот; до нив Мешулам, син на Варахија, син Мешезавелов; до нив поправаше Садок, синот на Баана.
-
-
-
|Neemias 3:5| До нив поправаа текојци; но некои од нив, повидните, не го свиткаа грбот за да поработат за својот Господ.
-
-
-
|Neemias 3:6| Старите порти ги поправаа Јојада, син на Пасеах, и Мешулам, син на Бесодија. Тие ги покрија и ги ставија вратите нивни, клучалките нивни и резињата нивни.
-
-
-
|Neemias 3:7| До нив поправаше Мелатија, Гаваонец, и Јадон од Меронот, со жителите на Гаваон и на Мицпа, кои му беа потчинети на управителот на областа зад Реката.
-
-
-
|Neemias 3:8| До него поправаше Узиил, син на Хархаја, златар, а до него поправаше Ананија, син Харакахимов. Тие го обновија Ерусалим до Широкиот ѕид.
-
-
-
|Neemias 3:9| До нив поправаше Рефаја, син Оров, началник на половината од ерусалимскиот округ.
-
-
-
|Neemias 3:10| До нив, токму наспроти куќата своја, поправаше Једаја, син на Харумаф, а до него поправаше Хатуш, син на Хашавнеја.
-
-
Português
Italiano
Espanhol
Inglês
Francês
Árabe
Mandarim
Hindu
Alemão
Писмо: Стандардна Библија
