-
Неемија овластен да се врати во Ерусалим
-
|Neemias 2:1| Во дваесеттата година од царувањето на Артаксеркс, во еден ден од месецот нисан, имаше пред мене вино. Јас го зедов виното и му го подадов на царот, и бев туѓ пред него.
-
-
-
|Neemias 2:2| А царот ме праша: „Зошто ти е нажалено лицето, иако не си болен? Тоа може само да значи дека имаш тага на срцето.“ Јас многу се уплашив
-
-
-
|Neemias 2:3| и му реков на царот: „Вечно да си жив, царе! Како да не ми биде тажно лицето кога градот, домот, каде што се гробовите на предците мои, е запустен и портите негови со оган се изгорени!“
-
-
-
|Neemias 2:4| И царот ми рече: „Па што бараш?“ Јас се помолив на небесниот Бог
-
-
-
|Neemias 2:5| и му одговорив на царот: „Ако му е угодно на царот, и ако твојот слуга нашол благоволение пред лицето твое, тогаш испрати ме во Јудеја, во градот, каде што се гробовите на предците мои за да го изѕидам.“
-
-
-
|Neemias 2:6| И ми рече царот пред царицата, која седеше до него: „Колку време ќе трае патот твој, и кога ќе се вратиш?“ И царот се согласи да ме пушти, откако го определив времето.
-
-
-
|Neemias 2:7| Тогаш му реков на царот: „Ако благоволи царот, нека ми се даде писмо до управителите на областа зад Реката за да ми дозволат да минувам, додека стигнам до Јудеја,
-
-
-
|Neemias 2:8| и писмо до Асаф, чуварот на царските шуми, да ми даде дрва за вратите на тврдината што е кај Божјиот дом, и за градските ѕидишта, и за куќата, во која ќе живеам.“ И царот ми даде, бидејќи раката на Бога беше над мене.
-
-
-
|Neemias 2:9| Кога стигнав кај управителите на областа зад Реката, им ги предадов царските писма. А царот беше испратил со мене воени началници со коњаници.
-
-
-
|Neemias 2:10| Кога го слушнаа тоа Санавалат, хорончанецот и Товија, амонски роб, им стана многу непријатно што дошол човек да се грижи за доброто на синовите Израилеви.
-
-
Português
Italiano
Espanhol
Inglês
Francês
Árabe
Mandarim
Hindu
Alemão
Писмо: Стандардна Библија
