-
Неемија ја проверува состојбата на ѕидините
-
|Neemias 2:11| Пристигнав во Ерусалим и останав таму три дни.
-
-
-
|Neemias 2:12| Потоа станав ноќе со неколку мажи, што беа со мене, и никому не му кажав што ми ставил Бог на срце да направам за Ерусалим; а немаше никакво добиче со мене, освен она на кое јавав.
-
-
-
|Neemias 2:13| Така минав ноќе преку Долинските Порти накај Изворот на Змејот и низ Гноишните Порти, ги разгледав разрушените ѕидишта на Ерусалим и изгорените негови порти со оган.
-
-
-
|Neemias 2:14| И дојдов до Изворните Порти и до царскиот базен, но таму немаше место да мине добичето што беше под мене;
-
-
-
|Neemias 2:15| и се вратив назад по долот ноќе и ги разгледав ѕидиштата и, откако минав пак низ Долинските Порти, се вратив.
-
-
-
|Neemias 2:16| Но старешините не знаеја, каде одев и што правев: дотогаш не им бев открил ништо ни на Јудејците, ниту на свештениците, ниту на првенците, ниту на началниците, ниту на другите што беа задолжени околу таа работа.
-
-
-
|Neemias 2:17| Затоа им реков: „Гледате во каква неволја се наоѓаме; Ерусалим опусте, и портите негови со оган се изгорени; да одиме и да ги изградиме ѕидовите на Ерусалим, та да не бидеме веќе за срам.“
-
-
-
|Neemias 2:18| И им раскажав дека добрата рака на мојот Бог беше над мене, — и за зборовите на царот што ми ги кажа. Па им реков: „Да станеме и да градиме!“ Тогаш им се зацврстија рацете за добро дело.
-
-
-
|Neemias 2:19| Кога го слушнаа тоа Санавалат хорончанецот и Товија, амонски роб, и Гешем Арабјанецот, ни се потсмевнуваа и рекоа со презир: „Што сакате да направите? Мислите ли да кренете бунт против царот?“
-
-
-
|Neemias 2:20| Јас им одговорив и реков: „Небесниот Бог, Тој ќе ни помогне, и ние, слугите Негови, чисти ќе почнеме да ѕидаме, а за вас нема да има ни дел, ни право, ни спомен во Ерусалим.“
-
-
Português
Italiano
Espanhol
Inglês
Francês
Árabe
Mandarim
Hindu
Alemão
Писмо: Стандардна Библија
