-
Исповед на гревовите
-
|Neemias 9:1| На дваесет и четвртиот ден од тој месец се собраа сите синови Израилеви, постејќи, во вреќишта и со пепел на главите свои.
-
-
-
|Neemias 9:2| И се оддели Израилевото семе од сите туѓинци, станаа, па ги исповедаа гревовите свои и престапите на татковците свои.
-
-
-
|Neemias 9:3| И стоеја на местата свои, и четврт ден читаа од книгата на законот Господов, својот Бог, а во другата четвртина се исповедаа и Му се поклонуваа на Господ, својот Бог.
-
-
-
|Neemias 9:4| А тогаш левитите Јешуа, Ваниј, Кадмиел, Шеванија, Буниј, Шеревија, Ваниј и Ќенаниј се искачија на повисоко место, наменето за левити, и силно повикаа кон Господ, својот Бог.
-
-
-
Свечена молитва
-
|Neemias 9:5| Потоа левитите Јешуа, Кадмиел, Ваниј, Хашавнеја, Шеревија, Ходија, Шеванија и Петахија рекоа: „Станете, славете Го Господа, вашиот Бог, одвека довека, и нека се славослови преславното Твое име, кое е повисоко од секое славословие и похвала!“
-
-
-
|Neemias 9:6| И рече Ездра: „Ти, Господи, Кој си еден, Ти го создаде небото, небесата на небесата и сета нивна војска, земјата и сѐ што е по неа, морињата и сѐ што е во нив, и Ти го оживуваш сето тоа, и небесните воинства Ти се поклонуваат.
-
-
-
|Neemias 9:7| Ти сам, Господи Боже, го избра Аврам, го изведе од Ур Халдејски и му даде име Авраам,
-
-
-
|Neemias 9:8| и го најде срцето негово верно пред Тебе, и склучи со него завет за да му ја дадеш нему и на семето негово земјата на Хананците, Хитијците, Аморејците, Перизијците, Јевусијците и Гергесејците. И Ти го исполни зборот Свој, зашто си справедлив.
-
-
-
|Neemias 9:9| Бидејќи Ти ја виде маката на предците наши во Египет и ја слушна нивната поплака кај Црвеното Море,
-
-
-
|Neemias 9:10| и покажа знаци и чудеса над фараонот и над сите негови служители и над сиот народ од земјата негова, бидејќи Ти знаеше, зашто тие постапија горделиво со нив, и Ти си создаде име до денес.
-
-
Português
Italiano
Espanhol
Inglês
Francês
Árabe
Mandarim
Hindu
Alemão
Писмо: Стандардна Библија
