-
|Neemias 3:21| По него поправаше Меремот, син на Урија, син Хакоцов, на вториот дел, од куќната врата на Елијашив до крајот на Елијашивовата куќа.
-
-
-
|Neemias 3:22| Понатаму работеа свештениците од околината.
-
-
-
|Neemias 3:23| Понатаму работеа Венијамин и Хашув, спроти својата куќа; по нив поправаше Азарија, син на Маасеја, Ананиев син, до куќата своја.
-
-
-
|Neemias 3:24| По него поправаше Бинуј, син на Хенадад, на вториот дел, од Азариевата куќа до аголот и свиокот.
-
-
-
|Neemias 3:25| Палал, синот на Узај, работеше спроти аголот и кулата, што се издига од горниот царски дом при затворскиот двор. По него Федаја, Парошов син.
-
-
-
|Neemias 3:26| А храмовите прислужници, што живееја во Офел, поправаа спроти Водните Порти кон исток и до издадената кула.
-
-
-
|Neemias 3:27| По нив поправаа текојците, на другиот дел, на местото спроти големата издадена кула до Офелскиот ѕид.
-
-
-
|Neemias 3:28| Од Коњските Порти понатаму поправаа свештениците, секој спроти својата куќа.
-
-
-
|Neemias 3:29| По нив поправаше Садок, синот на Имер, спроти својата куќа; понатаму работеше Шемаја, син на Шеханија, чувар на Источните Порти.
-
-
-
|Neemias 3:30| По него поправаше Ананија, Шелемиев син, и Анон, шестиот син на Цалаф, на вториот дел. По нив поправаше Мешулам, Варахиев син, спроти собата своја.
-
-
Português
Italiano
Espanhol
Inglês
Francês
Árabe
Mandarim
Hindu
Alemão
Писмо: Стандардна Библија
