-
Единството на телото
-
|Efésios 4:1| Браќа, јас, затвореник во Господ, ве молам да се однесувате достојно според звањето, за кое сте повикани,
-
-
-
|Efésios 4:2| со сета понизност и кротост, со долготрпеливост, поднесувајќи се еден со друг со љубов,
-
-
-
|Efésios 4:3| трудејќи се да го запазите единството на Духот преку врските на мирот.
-
-
-
|Efésios 4:4| Едно тело сте и еден Дух, како што сте и повикани кон една надеж на вашето звање.
-
-
-
|Efésios 4:5| Еден Господ, една вера и едно крштение,
-
-
-
|Efésios 4:6| еден е Бог и Отец на сите, Кој е над сѐ, и преку сите, и во сите нас.
-
-
-
|Efésios 4:7| А на секого од нас благодатта му е дадена според мерката на дарот Христов.
-
-
-
|Efésios 4:8| Затоа е и речено: „Издигајќи се на височина, плени плен и им даде дарови на луѓето.“
-
-
-
|Efésios 4:9| А што означува „издигајќи се“, ако не тоа дека Тој слезе пред тоа во најдолните места на земјата.
-
-
-
|Efésios 4:10| Слегнатиот е истиот, Кој се издигна повисоко од сите небеса, за да исполни сѐ.
-
-
Português
Italiano
Espanhol
Inglês
Francês
Árabe
Mandarim
Hindu
Alemão
Писмо: Стандардна Библија
