-
Од смрт во живот
-
|Efésios 2:1| И вас, кои бевте мртви поради вашите престапи и гревови,
-
-
-
|Efésios 2:2| во кои живеевте некогаш според животот на овој свет, согласно со кнезот на воздухот, односно на духот, кој сега дејствува во синовите на неверието,
-
-
-
|Efésios 2:3| меѓу кои и ние сите некогаш живеевме според телесните желби, извршувајќи ги похотите на телото и на помислите, и по природа бевме како и другите, чеда на гневот.
-
-
-
|Efésios 2:4| Но Бог, Кој е богат со милост, поради големата Негова љубов, со која нѐ засака,
-
-
-
|Efésios 2:5| иако бевме мртви поради гревовите наши, нѐ оживеа во Христа,
-
-
-
|Efésios 2:6| и нѐ воскресна со Него и нѐ постави на небесата во Христос Исус,
-
-
-
|Efésios 2:7| за да им го покаже на идните векови преизобилното богатство на Својата благодат во добрина кон нас преку Христос Исус.
-
-
-
|Efésios 2:8| Зашто по благодат сте спасени преку верата; и тоа не е од вас — туку дар Божји!
-
-
-
|Efésios 2:9| Не е од дела, за да не се пофали некој.
-
-
-
|Efésios 2:10| Зашто ние сме Негова творба, создадени во Христос Исус за добри дела што Бог ги предодредил уште од порано да живееме во нив.
-
-
Português
Italiano
Espanhol
Inglês
Francês
Árabe
Mandarim
Hindu
Alemão
Писмо: Стандардна Библија
