-
Да се живее во светлина
-
|Efésios 5:1| И така, угледајте се на Бога, како чеда возљубени,
-
-
-
|Efésios 5:2| и живејте во љубов, како што и Христос ве возљуби и за нас се предаде Себеси како принос и жртва на Бога за пријатен мирис.
-
-
-
|Efésios 5:3| А блудство и секаква нечистота или, пак, користољубивост воопшто да не се спомнуваат меѓу вас, како што им прилега на светии,
-
-
-
|Efésios 5:4| ниту, пак, срамни и будалести зборови или двосмислени приказни, што се неприлични, туку само благодарност.
-
-
-
|Efésios 5:5| Зашто ова треба да го знаете: дека ниеден блудник, или нечист, или користољубец — кој е идолопоклоник, нема дел во царството на Христос и Бог.
-
-
-
|Efésios 5:6| Никој да не се мами со празни зборови; зашто поради нив доаѓа гневот Божји врз синовите на непокорноста;
-
-
-
|Efésios 5:7| затоа, не станувајте нивни соучесници.
-
-
-
|Efésios 5:8| Вие некогаш бевте темнина, а сега сте светлина во Господ: живејте како деца на светлината!
-
-
-
|Efésios 5:9| Зашто плодот на светлината се состои во сѐ што е добро, праведно и вистинито —
-
-
-
|Efésios 5:10| одлучете се за она што Му е мило на Бога!
-
-
Português
Italiano
Espanhol
Inglês
Francês
Árabe
Mandarim
Hindu
Alemão
Писмо: Стандардна Библија
