-
|Efésios 4:11| И Тој постави едни за апостоли, други за пророци, трети за благовестители, четврти за пастири и учители,
-
-
-
|Efésios 4:12| за усовршување на светиите во делото на служењето, за изградување на Христовото тело,
-
-
-
|Efésios 4:13| додека сите не го достигнеме единството на верата и познанието на Синот Божји, до состојба на совршен човек, до мера на возраста на Христовата полнота,
-
-
-
|Efésios 4:14| та да не бидеме веќе мали деца што ги лула и занесува секој ветар на лажните учења, преку човечките заблуди, во лукавството на измама кон заблуда.
-
-
-
|Efésios 4:15| Туку со љубов држејќи се за вистината во секој поглед да растеме во Оној, Кој е глава, Христос.
-
-
-
|Efésios 4:16| Со Него целото тело е составено и склопено и сврзано преку сите дарувани врски, при дејството на секој дел, поради силите негови, нараснува за да се изградува во љубов.
-
-
-
Новиот живот во Христос
-
|Efésios 4:17| Ова, пак, го зборувам и сведочам во Господ; да не живеете повеќе како што живеат и другите незнабошци, по суетата на својот ум;
-
-
-
|Efésios 4:18| помрачени во разумот, отуѓени од Божјиот живот поради нивното незнаење и тврдокорноста на нивното срце;
-
-
-
|Efésios 4:19| дојдени до бесчувство, тие се предадоа на разврат и ненаситно вршат секаква нечистота.
-
-
-
|Efésios 4:20| Но вие не Го познавте така Христа,
-
-
Português
Italiano
Espanhol
Inglês
Francês
Árabe
Mandarim
Hindu
Alemão
Писмо: Стандардна Библија
