-
|2 Samuel 2:11| Давид царуваше во Хеврон над Јудиниот дом, за време од седум години и шест месеци.
-
-
-
Битката помеѓу Јуда и Израил во Гаваон
-
|2 Samuel 2:12| Потоа отиде Авенир, Нировиот син, и слугите на Сауловиот син Ишбошет, од Маханаим во Гаваон.
-
-
-
|2 Samuel 2:13| Излезе и Јоав, синот на Саруја, со Давидовите слуги и се сретнаа кај Гаваонскиот Поток, и застанаа еден од едната страна на потокот, а другиот — од другата страна на потокот.
-
-
-
|2 Samuel 2:14| А Авенир му рече на Јоав: „Нека станат момците и нека се борат пред нас.“ И Јоав рече: „Нека станат.“
-
-
-
|2 Samuel 2:15| И станаа, та отидоа дванаесет Венијаминци од страната на Ишбошет, Сауловиот син, и дванаесетте Давидови слуги.
-
-
-
|2 Samuel 2:16| И тие се фатија еден со друг за главите, си забија еден на друг меч во слабините и паднаа заедно. И тоа место беше наречено Хелкат-Цурим, а се наоѓа во Гаваон.
-
-
-
|2 Samuel 2:17| И во оној ден стана многу жестока борба, а Авенир со израилските луѓе беше победен од Давидовите слуги.
-
-
-
|2 Samuel 2:18| Таму беа тројца синови на Саруја: Јоав, Авеса и Асаил. А Асаил беше со лесни нозе, како срна во полето.
-
-
-
|2 Samuel 2:19| Асаил почна да го гони Авенира и го гонеше, без да скршне ни десно, ни лево од стапките на Авенир.
-
-
-
|2 Samuel 2:20| Авенир се сврте назад и рече: „Ти ли си, Асаиле?“ Тој одговори: „Јас сум.“
-
-
Português
Italiano
Espanhol
Inglês
Francês
Árabe
Mandarim
Hindu
Alemão
Писмо: Стандардна Библија
