-
|1 Crônicas 9:21| Захарија, син Мешелемов, беше вратар кај вратата во скинијата на собранието.
-
-
-
|1 Crônicas 9:22| Сите тие, избрани за вратари кај праговите, беа двесте и дванаесет. Тие се запишани во списокот според нивните села. Нив ги поставија Давид и Самоил јасновидецот заради верноста нивна.
-
-
-
|1 Crônicas 9:23| Тие и синовите нивни чуваа стража кај вратата на домот Господов, кај домот на скинијата.
-
-
-
|1 Crônicas 9:24| Вратари имаше на четирите страни: на источната, западната, северната и јужната.
-
-
-
|1 Crônicas 9:25| А браќата нивни живееја во своите села и доаѓаа одвреме — навреме кај нив за седум дена.
-
-
-
|1 Crônicas 9:26| Зашто четворицата главни вратари, левити, исто така беа поставени над одаите и ризниците на Божјиот дом.
-
-
-
|1 Crônicas 9:27| Тие престојуваа и ноќе околу Божјиот дом, бидејќи ним им беше наложено да го чуваат, и тие беа должни секое утро да ги отвораат вратите.
-
-
-
Други левити
-
|1 Crônicas 9:28| Некои од нив беа поставени кај садовите за богослужба, кои ги примаа со број и даваа со број.
-
-
-
|1 Crônicas 9:29| На други од нив им беа доверени другите садови и сите посветени нешта: најчисто брашно, вино, масло, темјан и мирисите.
-
-
-
|1 Crônicas 9:30| А некои од синовите на свештениците подготвуваа миро од разни миризливи материи.
-
-
Português
Italiano
Espanhol
Inglês
Francês
Árabe
Mandarim
Hindu
Alemão
Писмо: Стандардна Библија
