-
Христовото воскресение
-
|1 Coríntios 15:1| Браќа, ви напоменувам за Евангелието, Кое ви го проповедав, а кое вие го примивте и во Кое стоите.
-
-
-
|1 Coríntios 15:2| Преку Него и се спасувате, ако Го држите како што ви проповедав, освен ако не сте поверувале напразно.
-
-
-
|1 Coríntios 15:3| Ви го предадов најнапред она што го бев и примил, дека Христос умре за нашите гревови, според Писмата;
-
-
-
|1 Coríntios 15:4| дека Тој беше погребан и дека на третиот ден воскресна, според Писмата,
-
-
-
|1 Coríntios 15:5| и дека му се јави на Кифа и потоа на Дванаесетте;
-
-
-
|1 Coríntios 15:6| после им се јави еднаш на повеќе од петстотини браќа, од кои повеќето се живи и до денес, а некои починаа;
-
-
-
|1 Coríntios 15:7| потоа му се јави на Јаков, и потоа на сите апостоли,
-
-
-
|1 Coríntios 15:8| а по сите, најпосле ми се јави и мене, како на некое недоносче,
-
-
-
|1 Coríntios 15:9| зашто јас сум најмалиот од апостолите и не сум достоен да се наречам апостол, бидејќи ја гонев Божјата црква.
-
-
-
|1 Coríntios 15:10| Со благодатта на Бога сум тоа што сум, и Неговата благодат, која е во мене, не беше напразна, но повеќе се потрудив од сите нив; само не јас, туку Божјата благодат, која е со мене.
-
-
Português
Italiano
Espanhol
Inglês
Francês
Árabe
Mandarim
Hindu
Alemão
Писмо: Стандардна Библија
