-
|1 Coríntios 15:31| Секој ден умирам, браќа, се колнам во пофалбата ваша, која ја имам во Христос Исус, нашиот Господ.
-
-
-
|1 Coríntios 15:32| Ако во Ефес, човечки речено, се борев со ѕверови, каква е мојата полза? Ако мртвите не воскреснуваат — „Да јадеме и да пиеме, бидејќи утре ќе умреме!“
-
-
-
|1 Coríntios 15:33| Не лажете се: „Лошите зборови ги расипуваат добрите обичаи!“
-
-
-
|1 Coríntios 15:34| Освестете се еднаш како треба, па не грешете! Зашто некои од вас не знаат за Бога — за ваш срам го велам ова.
-
-
-
Телата на воскреснатите
-
|1 Coríntios 15:35| Но ќе рече некој: како ќе воскреснат мртвите и во какво тело ќе дојдат?
-
-
-
|1 Coríntios 15:36| Безумниче, тоа што го сееш ти, нема да оживее, ако не умре.
-
-
-
|1 Coríntios 15:37| А кога сееш, не го сееш телото, кое треба да настане, туку голо зрно, на пример пченично или некое друго;
-
-
-
|1 Coríntios 15:38| но Бог му дава тело, какво што сака, и тоа на секое семе негово сопствено тело.
-
-
-
|1 Coríntios 15:39| Не е секое тело исто тело: друго е телото на човек, друго е телото на животно, друго на риба, друго на птица.
-
-
-
|1 Coríntios 15:40| Има тела небесни и тела земни, но друг е блесокот на небесните и друг на земните;
-
-
Português
Italiano
Espanhol
Inglês
Francês
Árabe
Mandarim
Hindu
Alemão
Писмо: Стандардна Библија
