-
Дарови во заедницата
-
|1 Coríntios 14:1| Стремете се кон љубовта; ревнувајте за духовните дарови, а особено да пророкувате.
-
-
-
|1 Coríntios 14:2| Зашто оној, кој зборува на друг јазик, тој не им зборува на луѓе, туку на Бога; бидејќи никој не го разбира, а со Духот кажува тајни;
-
-
-
|1 Coríntios 14:3| кој, пак, пророкува, тој им зборува на луѓето за надградување, охрабрување и утешување.
-
-
-
|1 Coríntios 14:4| Кој зборува на друг јазик, тој се надградува сам себе; а кој пророкува, тој ја надградува Црквата.
-
-
-
|1 Coríntios 14:5| Но јас би сакал сите вие да зборувате на други јазици, а уште повеќе да пророкувате: зашто, кој пророкува, е поголем од оној, кој зборува јазици — освен ако и ги толкува, за да се надградува Црквата.
-
-
-
|1 Coríntios 14:6| Сега, ако дојдам кај вас, браќа, и ви зборувам на други јазици, каква полза ќе имате од мене, ако не ви соопштувам или со откровение, или со знаење, или со пророштво, или со поука?
-
-
-
|1 Coríntios 14:7| И бездушните предмети, како кавалот или гуслата, што даваат глас, ако не даваат разни гласови, како ќе се разбере што свири кавалот или гуслата?
-
-
-
|1 Coríntios 14:8| Зашто, ако трубата не дава разбирлив глас, тогаш кој ќе се готви за битка?
-
-
-
|1 Coríntios 14:9| Така и вие, ако со јазикот свој не изговарате разбирливи зборови, како ќе се разбере она што го зборувате? Ќе бидете како оние кои говорат во ветер.
-
-
-
|1 Coríntios 14:10| Во светот има којзнае колку разни гласови, и ниеден од нив не е без значење.
-
-
Português
Italiano
Espanhol
Inglês
Francês
Árabe
Mandarim
Hindu
Alemão
Писмо: Стандардна Библија
