-
Поздрав и благодарност
-
|1 Coríntios 1:1| Павле, по Божја волја повикан апостол на Исус Христос и братот Состен —
-
-
-
|1 Coríntios 1:2| до црквата Божја во Коринт, до осветените во Христос Исус, повикани светии, заедно со сите оние кои на секое место го повикуваат името на нашиот Господ Исус Христос, нивни и наш.
-
-
-
|1 Coríntios 1:3| Да имате благодат и мир од Бога, нашиот Отец, и Господ Исус Христос!
-
-
-
|1 Coríntios 1:4| Секогаш Му благодарам на мојот Бог за вас поради Божјата благодат што ви е вам дадена во Исус Христос,
-
-
-
|1 Coríntios 1:5| преку Кого станавте богати во сѐ, во секое слово и во секое знаење.
-
-
-
|1 Coríntios 1:6| Зашто се утврди во вас Христовото сведоштво,
-
-
-
|1 Coríntios 1:7| така што не сте лишени од ниеден дар вие, што го очекувате откровението на нашиот Господ Исус Христос.
-
-
-
|1 Coríntios 1:8| Тој ќе ве утврди и до самиот крај за да бидете беспрекорни во денот на нашиот Господ Исус Христос.
-
-
-
|1 Coríntios 1:9| Верен е Бог, Кој ве повика во заедништво со Неговиот Син Исус Христос, нашиот Господ.
-
-
-
Поделби во Црквата
-
|1 Coríntios 1:10| Браќа, ве молам во името на нашиот Господ Исус Христос, сите вие да зборувате исто, и меѓу вас да нема раздори, туку да бидете совршено соединети во еден ум и во исто мислење.
-
-
Português
Italiano
Espanhol
Inglês
Francês
Árabe
Mandarim
Hindu
Alemão
Писмо: Стандардна Библија
