-
|1 Reis 18:11| а ти сега велиш, оди и кажи му на господарот: Илија е тука.
-
-
-
|1 Reis 18:12| Кога јас ќе си отидам од тебе, Духот Господов ќе те однесе, не знам каде; и ако отидам да му јавам на Ахава, и тој не те најде, ќе ме убие; а слугата твој е богобојазлив од младини.
-
-
-
|1 Reis 18:13| Зар не му е кажано на мојот господар, што сторив јас, кога Језавела ги избиваше Господовите пророци, како криев сто Господови пророци, по педесет души во пештера, и ги хранев со леб и вода?
-
-
-
|1 Reis 18:14| А ти сега велиш: оди и кажи му на твојот господар: Илија е тука; тој ќе ме убие.«
-
-
-
|1 Reis 18:15| Тогаш Илија му рече: »Жив Господ Саваот, пред Кого стојам, денес ќе му се јавам!«
-
-
-
|1 Reis 18:16| Авдиј отиде да го пресретне Ахава и му јави, и Ахав отиде да го пресретне Илија.
-
-
-
|1 Reis 18:17| Штом Ахав го виде Илија, му рече: »Ти ли си, што го вознемируваш Израилот?«
-
-
-
|1 Reis 18:18| Илија му одговори: »Јас не го вознемирувам Израилот, туку ти и татковиот дом твој, бидејќи ги презревте Господовите заповеди и врвите по Вааловците;
-
-
-
|1 Reis 18:19| сега испрати и собери го при мене сиот Израил на гората Кармил, и четиристотините и педесет Ваалови прорци и четирите стотини пророци од дубравата, што се хранат од трпезата на Језавела.«
-
-
-
|1 Reis 18:20| И Ахав испрати до сите Израилеви синови и ги собра сите пророци на гората Кармил.
-
-
Português
Italiano
Espanhol
Inglês
Francês
Árabe
Mandarim
Hindu
Alemão
Свето Писмо (Гаврилова)
