-
Големата суша во целата земја; среќавање на Илија и Авдија; жртвувањето на Кармил и крајот на сушата
-
|1 Reis 18:1| Откако изминаа многу денови, пак му рече Господ на Илија во третата година: »Оди и јави му се на Ахава, и јас ќе дадам дожд на земјата.«
-
-
-
|1 Reis 18:2| Илија отиде да му се јави на Ахава. А во Самарија имаше голем глад.
-
-
-
|1 Reis 18:3| И Ахава го повика Авдија, управникот на дворецот. Авдија, пак, беше човек кој многу се боеше од Господа.
-
-
-
|1 Reis 18:4| Кога Језавела ги истребуваше пророците Господови, Авдиј зеде сто пророци и ги криеше во пештери, по педесет луѓе, и ги хранеше со леб и вода.
-
-
-
|1 Reis 18:5| И Ахав му рече на Авдија: »Тргни по земјата, по сите водни извори и по сите потоци во земјата, можеби некаде ќе најдеме трева, за да си ги прехраниме коњите и маските и да не се лишиме од добитокот.«
-
-
-
|1 Reis 18:6| И тие ја разделија меѓу себе земјата, за да ја обиколат: Ахав тргна одделно по еден пат, а Авдиј тргна одделно по друг пат.
-
-
-
|1 Reis 18:7| Кога Авдиј врвеше по патот, ете, во пресрет му доаѓа Илија. Тој го позна, падна ничкум и рече: »Ти ли си, господару мој Илија?«
-
-
-
|1 Reis 18:8| Овој му одговори: »Јас сум; оди и кажи му на господарот свој: ‚Илија е тука.‘«
-
-
-
|1 Reis 18:9| Тој рече: »Што сум виновен, па го предаваш својот слуга во рацете на Ахава, за да ме убие?«
-
-
-
|1 Reis 18:10| »Жив Господ, твојот Бог! Нема ниеден народ и царство, каде што не испраќал господарот мој да те бара; и кога му кажуваа дека те нема, тој земаше клетва од тоа царство и народ, дека не можеле да те најдат;
-
-
Português
Italiano
Espanhol
Inglês
Francês
Árabe
Mandarim
Hindu
Alemão
Свето Писмо (Гаврилова)
