-
Давидова смрт; погубувањата на Адонија, Авијатар и Јоав; непослушноста на Семеј и неговата смрт.
-
|1 Reis 2:1| Наближи времето да умре Давид, и тој му заповеда на синот свој Соломона, велејќи:
-
-
-
|1 Reis 2:2| »Еве, јас заминувам по патот на сите смртни, а ти биди храбар и човек,
-
-
-
|1 Reis 2:3| и чувај го заветот Господов, твојот Бог, одејќи по Неговите патишта и да ги чуваш повелбите Негови и заповедите Негови, судовите Негови и законите Негови, како што е напишано во Мојсеевиот закон, за да бидеш благоразумен во сѐ, што и да правиш, и насекаде, каде и да се свртиш,
-
-
-
|1 Reis 2:4| та Господ да го исполни зборот Свој, што го беше кажал за мене, велејќи: ‚Ако твоите синови ги чуваат патиштата свои, за да одат пред Мене во вистината од сѐ срце и од сета душа, нема да недостига човек од тебе на Израилевиот престол.‘
-
-
-
|1 Reis 2:5| Но — ти знаеш, што ми направи Саруевиот син Јоав, како постапи со двајцата војводи на израилската војска, со Нировиот син Авенир и со Јетеровиот син Амасеј, како ги уби и во мирно време пролеа крв како во борба, и со борбена крв го искрвави појасот на крстот свој и обувките на нозете свои;
-
-
-
|1 Reis 2:6| а ти постапи со мудроста своја, за да не ја отпуштиш староста негова со мир во пеколот.
-
-
-
|1 Reis 2:7| А на синовите од Галадецот Верзелиј направи им милост, та да бидат меѓу оние, што се хранат на твојата трпеза, бидејќи тие дојдоа при мене, кога бегав од братот твој Авесалома.
-
-
-
|1 Reis 2:8| Ете, при тебе е и Семеј, синот на Венијаминецот Гера од Ваурим; тој ме навредуваше со тешки навреди, кога одев во Маханаим; но тој ми излезе во пресрет при Јордан, и јас му се заколнав во Господа, велејќи: нема да те погубам со меч.
-
-
-
|1 Reis 2:9| Но ти не го оставај неказнет, бидејќи си мудар човек и знаеш што треба да направиш со него, та да ја собориш староста негова окрвавена во пеколот.«
-
-
-
|1 Reis 2:10| И потоа Давид почина при татковците свои и беше погребан во Давидовиот град.
-
-
Português
Italiano
Espanhol
Inglês
Francês
Árabe
Mandarim
Hindu
Alemão
Свето Писмо (Гаврилова)
