-
Посета на Савската царица; богатствата и раскошот на Соломона.
-
|1 Reis 10:1| Савската царица, откако чу за славата Соломонова и за името на Господа, дојде да го испита со гатанки.
-
-
-
|1 Reis 10:2| Таа дојде во Ерусалим со многу големо богатство: камилите беа натоварени со благопријатни мириси, со многу злато и скапоцени камења; таа дојде кај Соломона и говореше со него за сѐ, што ѝ беше на срцето.
-
-
-
|1 Reis 10:3| Соломон ѝ ги објасни сите нејзини зборови, и немаше ништо непознато за царот, што не ѝ го објасни.
-
-
-
|1 Reis 10:4| Савската царица ја виде сета мудрост на Соломона, и домот, што тој го беше изградил,
-
-
-
|1 Reis 10:5| и јадењата на трпезата негова, и живеалиштата на слугите негови, и држењето на слугите негови, облеката нивна и пехарниците негови, и сепалениците негови, што ги принесуваше во храмот Господов. И повеќе не можеше да се воздржи,
-
-
-
|1 Reis 10:6| па му рече на царот: »Вистина е она, што го бев слушала во земјата своја за твоите дела и за твојата мудрост;
-
-
-
|1 Reis 10:7| но не верував на зборови, додека не дојдов, и не видоа очите мои: и, ете, мене ни половината не ми беше речено; мудрост и богатство ти имаш повеќе отколку што сум слушала.
-
-
-
|1 Reis 10:8| Блажени се твоите луѓе, блажени се и тие твои слуги, што стојат пред тебе секогаш и ја слушаат мудроста твоја!
-
-
-
|1 Reis 10:9| Благословен да е Господ, твојот Бог, Кој благоволи да те постави на Израилевиот престол! Господ, поради вечната љубов Своја кон Израилот, те постави за цар, за да вршиш суд и правда.«
-
-
-
|1 Reis 10:10| И таа му подари на царот сто и дваесет таланти злато и големо множество благопријатни мириси и скапоцени камења; никогаш уште не беа донесувани толку многу благопријатни мириси, колку што Савската царица му подари на цар Соломона.
-
-
Português
Italiano
Espanhol
Inglês
Francês
Árabe
Mandarim
Hindu
Alemão
Свето Писмо (Гаврилова)
