-
|Neemias 10:31| и кога туѓите народи ќе донесат стока за продавање во сабота, да не купуваат од нив во сабота или во друг свет ден, и на седмата година да не се работи земјата и да се проштеваат секакви долгови.
-
-
-
|Neemias 10:32| И си поставивме за закон да даваме од себе по една третина од шекел годишно за потребите на домот на нашиот Бог:
-
-
-
|Neemias 10:33| за лебовите на предложението, за редовниот лебен принос и за секојдневната сепаленица, за саботите, за новомесечијата, за празниците, за свештените предмети и за жртвите за грев за очистување на Израил, и за сѐ што се врши во домот на нашиот Бог.
-
-
-
|Neemias 10:34| И фрливме ждрепка ние, свештениците, левитите и народот, за набавка на дрва, кога кое наше поколение, во определено време, секоја година, да ги дотерува во домот на нашиот Бог за да горат врз жртвеникот на Господ, како што е запишано во Законот.
-
-
-
|Neemias 10:35| Се обврзавме уште да принесуваме секоја година во домот Господов првини од земјата своја и првини од плодот на секое дрво;
-
-
-
|Neemias 10:36| исто така — да ги приведуваме во домот на нашиот Бог, првородените од синовите свои и од добитокот свој, како што е пишано во законот, првородените од крупниот и од ситниот добиток свој.
-
-
-
|Neemias 10:37| И првини од меленото жито наше, и нашите приноси, и плодови од секое дрво, и вино, и масло ќе им испраќаме на свештениците во ќелиите кај домот на нашиот Бог, и десеток од земјата своја — на левитите. Тие, левитите, ќе собираат десеток во сите градови, каде што имаме земјоделство.
-
-
-
|Neemias 10:38| Со левитите, кога собираат левитски десеток, ќе има свештеник, потомок Аронов, та левитите да го однесат десетокот од својот десеток во домот на нашиот Бог, во просториите определени за клетови.
-
-
-
|Neemias 10:39| Зашто во тие простории како Израилевите синови, така и левитите се должни да носат сѐ што се принесува како дар: жито, вино и масло. Таму се и свештените садови, и свештениците што служат, и вратарите и пејачите. И ние нема да го оставиме домот на нашиот Бог.
-
-
Português
Italiano
Espanhol
Inglês
Francês
Árabe
Mandarim
Hindu
Alemão
Писмо: Стандардна Библија
