-
Духот на вистината и духот на заблудата
-
|1 João 4:1| Возљубени, не верувајте му на секој дух, туку проверувајте ги духовите: дали се од Бога, бидејќи многу лажни пророци се јавија во светот.
-
-
-
|1 João 4:2| По ова распознавајте Го Божјиот Дух и духот на лагата. Секој дух што признава дека Исус Христос дошол во тело, од Бога е.
-
-
-
|1 João 4:3| А секој дух, што не признава дека во тело дошол Исус Христос, не е од Бога; тоа е духот на Антихристот, за кого сте слушале дека доаѓа, па и сега е веќе во светот.
-
-
-
|1 João 4:4| Вие сте, чеда, од Бога и нив сте ги победиле; зашто Оној, Кој е во вас, е поголем од оној што е во светот.
-
-
-
|1 João 4:5| Тие се од светот, затоа и световно зборуваат, а светот ги слуша.
-
-
-
|1 João 4:6| Ние сме од Бога. Кој Го познава Бога, нѐ слуша нас; кој не е од Бога, нас не нѐ слуша. По тоа и го познаваме Духот на вистината и духот на заблудата.
-
-
-
Љубовта доаѓа од Бога и се вкоренува во верата
-
|1 João 4:7| Возљубени, да се љубиме еден со друг, зашто љубовта е од Бога, и секој, кој љуби, е роден од Бога и Го познава Бога;
-
-
-
|1 João 4:8| кој не љуби, тој не Го познал Бога, зашто Бог е љубов.
-
-
-
|1 João 4:9| Божјата љубов кон нас се покажа во тоа што Бог Го испрати во светот Својот Единороден Син за да живееме преку Него.
-
-
-
|1 João 4:10| Во тоа се состои љубовта, што не ние Го возљубивме Бога, туку Бог нас нѐ возљуби и Го прати Синот Свој за да ги очисти гревовите наши.
-
-
Português
Italiano
Espanhol
Inglês
Francês
Árabe
Mandarim
Hindu
Alemão
Писмо: Стандардна Библија
