-
Предговор
-
|1 João 1:1| Она што беше од почетокот, она што го чувме, она што со очите свои го видовме, што го разгледавме и што рацете наши го опипаа, за Словото на животот —
-
-
-
|1 João 1:2| и животот се јави, и видовме, и сведочиме, и ви го навестуваме вечниот живот, кој беше во Отецот и нам ни се јави —
-
-
-
|1 João 1:3| она што го видовме и го чувме, тоа ви го навестуваме, та и вие да имате заедништво со нас; а нашето заедништво е со Отецот и Неговиот Син, Исус Христос.
-
-
-
|1 João 1:4| Тоа ви го пишуваме за да биде радоста наша потполна.
-
-
-
Да одиме во светлина, ослободени од гревот
-
|1 João 1:5| А известувањето, пак, што го чувме од Него и вам ви го предаваме, е тоа дека Бог е светлина, и во Него нема никаква темнина.
-
-
-
|1 João 1:6| Ако речеме дека со Него имаме заедништво, а одиме во темнина, тогаш лажеме и не постапуваме според вистината.
-
-
-
|1 João 1:7| А ако, пак, во светлина одиме, како што е Тој самиот во светлина, тоа значи дека ние еден со друг имаме заедништво, и крвта на Исус Христос, Неговиот Син, нѐ очистува од секаков грев.
-
-
-
|1 João 1:8| Ако кажеме дека немаме грев, се лажеме сами себе, и вистината не е во нас.
-
-
-
|1 João 1:9| Ако ги исповедаме гревовите свои, Тој е верен и праведен за да ни ги прости гревовите и да нѐ очисти од секаква неправда.
-
-
-
|1 João 1:10| Ако, пак, речеме дека не сме згрешиле, Него Го правиме лажливец, и словото Негово не е во нас.
-
-
Português
Italiano
Espanhol
Inglês
Francês
Árabe
Mandarim
Hindu
Alemão
Писмо: Стандардна Библија
