-
Христос ни доаѓа на помош
-
|1 João 2:1| Чеда мои, ова ви го пишувам за да не грешите; и ако некој згреши, кај Отецот имаме Застапник, Исус Христос, Праведникот;
-
-
-
|1 João 2:2| а Тој е жртва за измирување за нашите гревови, и не само нашите, туку и гревовите на целиот свет.
-
-
-
|1 João 2:3| По тоа знаеме дека сме Го познале, кога ги чуваме Неговите заповеди.
-
-
-
|1 João 2:4| Кој вели: „Го познав“, а заповедите Негови не ги чува, тој е лажливец и во него нема вистина;
-
-
-
|1 João 2:5| а кој го пази словото Негово, во него Божјата љубов навистина е совршена: по тоа знаеме дека сме во Него.
-
-
-
|1 João 2:6| Кој вели дека во Него пребива, должен е да постапува така, како што постапи и Тој.
-
-
-
Нова заповед
-
|1 João 2:7| Возљубени, не ви пишувам нова заповед, туку старата заповед, што ја имавте од почетокот. Старата заповед е словото, што го чувте од почетокот.
-
-
-
|1 João 2:8| А сепак, нова заповед ви пишувам — нешто што е вистина и во Него и во вас; зашто темнината одминува, а вистинската светлина веќе свети.
-
-
-
|1 João 2:9| Кој вели дека е во светлина, а го мрази братот свој, тој е сѐ уште во темнина.
-
-
-
|1 João 2:10| Кој го сака својот брат, тој е во светлина и во него нема соблазна.
-
-
Português
Italiano
Espanhol
Inglês
Francês
Árabe
Mandarim
Hindu
Alemão
Писмо: Стандардна Библија
