-
|1 Crônicas 19:11| А другиот дел од народот му го довери на братот свој Авеса, за да се распореди спроти Амонитите.
-
-
-
|1 Crônicas 19:12| И тогаш рече: »Ако Сиријците почнат да ме надвиваат, ќе ми помогнеш ти; ако, пак, Амонитите почнат да те надвиваат тебе, јас ќе ти помогнам.
-
-
-
|1 Crônicas 19:13| Биди храбар, и да стоиме цврсто за нашиот народ и за градовите на нашиот Бог, и Господ нека направи, како што Му е угодно.«
-
-
-
|1 Crônicas 19:14| И влезе Јоав и луѓето, што беа со него, во борба со Сиријците, и тие избегаа од него.
-
-
-
|1 Crônicas 19:15| Амонитите, пак, штом видоа, дека Сиријците бегаат, избегаа и тие од братот негов Авеса, и навлегоа во градот. Тогаш Јоав си отиде во Ерусалим.
-
-
-
|1 Crônicas 19:16| Сиријците, откако видоа, дека се победени од Израилците испратија пратеници и ги изведоа Сиријците, што беа од онаа страна на реката; ги предводеше Софак, воен првоначалник Адраазаров.
-
-
-
|1 Crônicas 19:17| Кога му соопштија за тоа на Давида, тој ги собра сите Израилци, го преминаа Јордан и, откако дојде кај нив, се распореди спроти нив. И влезе Давид во борба со Сиријците, и тие се судрија со него.
-
-
-
|1 Crônicas 19:18| И Сиријците избегаа од Израилците, и Давид им уништи седум илјади коли на Сиријците, и четириесет илјади пешаци, а воениот првоначланик Софака го уби.
-
-
-
|1 Crônicas 19:19| Кога видоа луѓето Адраазарови, дека Израилците ги поразија, со Давида склучија мир и му се потчинија. И Сирјиците не сакаа повеќе да им помагаат на Амонитите.
-
-
Português
Italiano
Espanhol
Inglês
Francês
Árabe
Mandarim
Hindu
Alemão
Свето Писмо (Гаврилова)
