-
Давид го определува Соломона за свој наследник.
-
|1 Crônicas 28:1| Давид ги собра во Ерусалим сите израилски водачи, началници на племињата, началници на одделите, што му служеа на царот, илјадниците и стотниците и оние, што беа над сите имоти и стада на царот, синовите свои, дворјаните, војводите и сите храбри мажи.
-
-
-
|1 Crônicas 28:2| И стана цар Давид на нозе, па рече: »Чујте ме, браќа мои и народе мој! Ми беше на срце да изградам дом за почивка на Ковчегот на заветот Господов, за подножје на нозете на нашиот Бог, и по подготвив потребното за градење.
-
-
-
|1 Crônicas 28:3| Но Бог ми рече: ‚Не гради дом на името Мое, зашто си човек војник и крв си пролевал.‘
-
-
-
|1 Crônicas 28:4| Меѓутоа, Господ, Бог Израилев, ме избра мене од целиот ми татков дом, за да бидам вечно цар над Израилот; зашто Он го избра Јуда за кнез, во домот на Јуда — домот на татка ми, а од синовите на таткото мој благоволи да ме постави мене за цар над сиот Израил
-
-
-
|1 Crônicas 28:5| а од сите мои синови, — зашто Господ ми даде многу синови, — Он го избра синот мој Соломона да седи врз престолот на Господовото царство над Израилот,
-
-
-
|1 Crônicas 28:6| и ми рече: ‚Синот твој Соломон ќе го изгради Мојот дом и Моите дворови, зашто сум Си го избрал за син, и ќе му бидам татко;
-
-
-
|1 Crônicas 28:7| и ќе го зацврстам царството негово засекогаш, ако тој постојано ги исполнува Моите заповеди и Моите наредби, како до денес.‘
-
-
-
|1 Crônicas 28:8| И сега пред очите на сиот Израил, собрание Господово, и во ушите на нашиот Бог велам: пазете ги и држете ги сите заповеди на Господа, вашиот Бог, за да владеете со оваа убава земја и да ја оставите по себеси во наследство на децата свои засекогаш.
-
-
-
|1 Crônicas 28:9| И ти, сине Соломоне, да го познаваш Бога, твојот Татко, и да Му служиш од сѐ срце и со сета душа своја, зашто Господ ги испитува сите срца и ги знае сите движења на мислите. Ако Го бараш, ќе Го најдеш; ако Го оставиш, Он ќе те остави засекогаш.
-
-
-
|1 Crônicas 28:10| Внимавај! Штом Господ те избрал да Му изградиш дом за светилиште, биде храбар и работи.«
-
-
Português
Italiano
Espanhol
Inglês
Francês
Árabe
Mandarim
Hindu
Alemão
Свето Писмо (Гаврилова)
