-
Давид се одмаздува за срамот нанесен од Амонитите.
-
|1 Crônicas 19:1| Потоа умре Нас, цар амонитски, и место него стана цар синот негов.
-
-
-
|1 Crônicas 19:2| Тогаш Давид рече: »Ќе покажам милост кон Анона, Насовиот син, заради доброто, што ми го направи таткото негов.« И Давид испрати пратеници да го утешат за татка му. Давидовите слуги дојдоа во земјата Амонитска при Анона, за да го утешат.
-
-
-
|1 Crônicas 19:3| Но амонитските кнезови му рекоа на Анона; »Зар мислиш, дека поради почит кон татка ти Давид испрати при тебе утешители? Зар слугите негови не дошле при тебе за да разузнаат и да ја разгледаат земјата, та да ја завладеат?«
-
-
-
|1 Crônicas 19:4| Тогаш Анон ги фати слугите Давидови и ги избричи и им ја потсече облеката до половина, до крстот, и ги испрати.
-
-
-
|1 Crônicas 19:5| И тие си отидоа. Кога му соопштија на Давида за тие луѓе, тој испрати да ги пречекаат, бидејќи беа необично многу обезличени, за да им кажат од царот: »Останете во Јерихон, додека да ви пораснат брадите, тогаш вратете се!«
-
-
-
|1 Crônicas 19:6| Кога Амонитите видоа, дека му станале омразни на Давида, тогаш Анон и Амонитите испратија илјада таланти сребро, за да најмат коли и коњаници од Сирија Месопотамиска, од Сирија Махова и од Сува.
-
-
-
|1 Crônicas 19:7| И најмија триесет и две илјади коли и царот Маха со народот негов, кои дојдоа и се улогорија спроти Медева. Се собраа и Амонитите од градовите свои и излегоа на војна.
-
-
-
|1 Crônicas 19:8| Кога Давид чу за тоа, го испрати Јоава со сета војска — јунаци.
-
-
-
|1 Crônicas 19:9| Амонитите излегоа и се наредија за борба пред градските порти, а царевите, што беа дошле, — одделно во полето.
-
-
-
|1 Crônicas 19:10| Јоав, откако виде, дека му претстои борба однапред и одзади, ги одбра сите избрани војници во Израилот и ги нареди спроти Сиријците.
-
-
Português
Italiano
Espanhol
Inglês
Francês
Árabe
Mandarim
Hindu
Alemão
Свето Писмо (Гаврилова)
