-
Треба да се пазиме од заводници, да бидеме постојани во верата и во чистотата на учењето. Желба на крајот.
-
|Judas 1:1| Од Јуда, слугата на Исуса Христа, а брат на Јакова — до призваните, осветени во Бога Отецот и запазени од Исуса Христа.
-
-
-
|Judas 1:2| Милоста, мирот и љубовта да ви се умножат!
-
-
-
|Judas 1:3| Возљубени, грижејќи се постојано, да ви пишувам за вашето општо спасение, најдов за добро да ви напишам и да ве помолам — да се борите за вистинската вера, која им е дадена на светиите еднаш засекогаш,
-
-
-
|Judas 1:4| зашто се вовлекоа некои луѓе, чија осуда е одамна определена, безбожници, што ја обрнуваат благодатта Божја во нечистотијата и се одречуваат од Единиот Господар Бог и Господ наш Исус Христос.
-
-
-
|Judas 1:5| Сакам да ви напомнам, иако ова веќе го знаете, дека Господ, откако го избави народот од Египетската земја, ги погуби потоа оние, што не веруваа;
-
-
-
|Judas 1:6| ангелите, пак, што не се покоруваа на своето началство, и го напуштија своето живеалиште, ги стави во вечни окови, во мрак за суд на великиот ден.
-
-
-
|Judas 1:7| Како што Содом и Гомор и околните градови, што блудствуваа и на ист начин како и тие налетуваа и на друга плот, станаа пример со тоа што беа накажани со вечен оган.
-
-
-
|Judas 1:8| Исто така ќе стане и со оние, кои ја осквернуваат плотта, ги презираат началниците и достоинството на власта.
-
-
-
|Judas 1:9| А Архангел Михаил, кога се препираше со ѓаволот за Мојсеевото тело, не се осмели да изрече хулна пресуда, туку рече: »Господ да ти забрани!«
-
-
-
|Judas 1:10| А овие хулат на она, што не го знаат, а во она, што го знаат во природа како неразумно животно, во него се распаѓаат.
-
-
Português
Italiano
Espanhol
Inglês
Francês
Árabe
Mandarim
Hindu
Alemão
Свето Писмо (Гаврилова)
