-
До Гај, благодарност за гостопримството спрема браќата. Треба да се пазиме од лоши примери.
-
|3 João 1:1| Од старешината — до возљубениот Гај, кого вистински го сакам.
-
-
-
|3 João 1:2| Возљубени, се молам да бидеш здрав и во сѐ да ти биде добро, како што ѝ е добро на душата твоја.
-
-
-
|3 João 1:3| Многу се зарадував, кога дојдоа браќата и се посведочија за твојата верност — оти ти живееш во вистината.
-
-
-
|3 João 1:4| За мене нема поголема радост од тоа — да чујам дека моите чеда живеат во вистина.
-
-
-
|3 João 1:5| Возљубени, ти постапуваш верно во сѐ, што го правиш за браќата и гостите,
-
-
-
|3 João 1:6| кои ја посведочија твојата љубов пред Црквата. Добро ќе направиш, ако ги приготвиш пред Бога како што треба.
-
-
-
|3 João 1:7| Бидејќи поради Неговото име тргнаа, не земајќи ништо од незнабошците.
-
-
-
|3 João 1:8| Ние сме, пак, должни да примаме такви, за да станеме помошници на вистината.
-
-
-
|3 João 1:9| Јас напишав до Црквата. Но Диотреф, кој сака да биде најстар меѓу нив, не нѐ прими нас.
-
-
-
|3 João 1:10| Затоа, ако дојдам, ќе му спомнам за делата негови, што ги прави, напаѓајќи нѐ со лоши зборови; и тоа не му е доволно, туку браќата сам не ги прима, а им забранува да ги примаат и оние, кои сакаат да ги примат, и ги гони од Црквата.
-
-
Português
Italiano
Espanhol
Inglês
Francês
Árabe
Mandarim
Hindu
Alemão
Свето Писмо (Гаврилова)
