-
Малку има побожни
-
|Miquéias 7:1| Тешко мене, зашто со мене е сега како по собирање на летните плодови, како по гроздобер; ни зрнце за каснување, ниту рана смоква по која копнее душата моја.
-
-
-
|Miquéias 7:2| Нема веќе верни луѓе по земјата, нема праведни меѓу луѓето; сите кројат сплетки, за да проливаат крв; секој му става на брата си стапица.
-
-
-
|Miquéias 7:3| Рацете им се приготвени за да прават зло: началникот сака подароци, судијата суди за поткуп, а големците решаваат по своја волја и ја изопачуваат правдата.
-
-
-
|Miquéias 7:4| Најдобриот од нив е како трн, а најсправедливиот е полош отколку ограда од трње. Денот на Твоите пости, денот на Твојата казна наближува; и сега ќе ги опфати смут.
-
-
-
|Miquéias 7:5| Не верувајте му на другарот, не потпирајте се на пријателот; пред онаа, што лежи во твојата постела, не отворај ја устата своја.
-
-
-
|Miquéias 7:6| Зашто синот го угнетува татко си, ќерката се противи на мајка си, снаата станува против свекрвата; непријатели на човекот му се неговите домашни.
-
-
-
|Miquéias 7:7| Јас, пак, гледам кон Господ, и за моето спасение ќе се надевам на Бога; мојот Бог ќе ме чуе.
-
-
-
Народот се обраќа кон Господ
-
|Miquéias 7:8| Не радувај се на мојата мака, непријателко моја! Иако сум паднат, јас ќе станам; макар што сум сега во мрак — Господ е мојата светлина.
-
-
-
|Miquéias 7:9| Морам да го поднесам гневот Господов, — зашто сум згрешил пред Него — додека не го реши делото мое и не ја изрече правдата; тогаш Тој ќе ме изведе на светлина, и јас ќе ја видам правдата Негова.
-
-
-
|Miquéias 7:10| И ќе го види тоа мојата непријателка и срам ќе ја покрие онаа што ми велеше: „Каде е Господ, твојот Бог?“ И ќе го видат тоа очите мои — и таа ќе биде згазена како кал на улица.
-
-
Português
Italiano
Espanhol
Inglês
Francês
Árabe
Mandarim
Hindu
Alemão
Писмо: Стандардна Библија
