-
Човек со мерно јаже. Радост поради враќањето од Вавилон.
-
|Zacarías 2:1| И пак ги подигнав очите и видов: и, ете, еден маж, кој во раката имаше мерно јаже.
-
-
-
|Zacarías 2:2| Го прашав каде ќе одиш? Тој ми рече: одам да го измерам Ерусалим, за да видам колкава му е ширината и колкава му е должината.
-
-
-
|Zacarías 2:3| Тогаш ангелот, што зборуваше со мене, излезе, а друг ангел му дојде во пресрет,
-
-
-
|Zacarías 2:4| и тој му рече на оној: Побрзај и кажи му на оној млад човек — Ерусалим ќе се насели по селата поради многуте луѓе и добиток во него.
-
-
-
|Zacarías 2:5| И Јас ќе му бидам огнен ѕид, околу него, вели Господ, и ќе се прославам во него.
-
-
-
|Zacarías 2:6| Еј, еј! Бегајте од северната земја, вели Господ, зашто Јас ќе ве соберам од четирите ветра небески, вели Господ.
-
-
-
|Zacarías 2:7| Спасувај се Сионе, ти што живееш при ќерката Вавилонова.
-
-
-
|Zacarías 2:8| Зашто така вели Господ Седржителот, Кој ме прати за слава при народите, што ве плачкосуваа: »зашто кој ќе се допре до вас, ќе се допре до зеницата на окото Мое.
-
-
-
|Zacarías 2:9| И, ете, Јас ќе ја кренам раката Своја против нив, и тие ќе станат плен на слугите свои.« Тогаш ќе познаете дека Господ Саваот ме пратил.
-
-
-
|Zacarías 2:10| »Ликувај и весели се, ќерко Сионова, зашто ете, Јас ќе дојдам и ќе се населам во тебе«, вели Господ.
-
-
Português
Italiano
Espanhol
Inglês
Francês
Árabe
Mandarim
Hindu
Alemão
Свето Писмо (Гаврилова)
