-
Пророштво за разурнување на градот Ниневија.
-
|Naum 2:1| Се крева против тебе уништувач: пази ги тврдините, чувај го патот, зацврсти ги бедрата, собирај сили.
-
-
-
|Naum 2:2| Зашто Господ ќе го востанови величието на Јакова, како величието на Израилот, оти пакосници ги запустија и лозјата им ги сотреа.
-
-
-
|Naum 2:3| Штитот на неговите јунаци е црвен: војниците негови носат црвени облеки; колите бојни ќе фрлаат оган во денот на борбата и гора од копја ќе се лулее.
-
-
-
|Naum 2:4| Колите ќе траскаат по улиците и ќе се судираат една со друга, ќе изгледаат како запалени факели, и ќе светкаат како молњи.
-
-
-
|Naum 2:5| Тој ќе ги повикува јунаците свои, но тие ќе бидат бавни во одот, ќе побрзаат кон ѕидовите на градот, но опсадата е веќе подготвена.
-
-
-
|Naum 2:6| Вратите од реките ќе се отворат и дворот ќе се урне.
-
-
-
|Naum 2:7| Решено е: таа ќе биде оголена и во плен одведена, а слугинките нејзини ќе стенкаат како гулаби, удирајќи се в гради.
-
-
-
|Naum 2:8| Ниневија, откако беше основана, беше како водобран полн со вода, а тие бегаат. »Стојте, стојте!« Но никој не се свртува да погледа.
-
-
-
|Naum 2:9| Грабајте сребро, грабајте злато; нема крај на натрупаните скапоцени работи.
-
-
-
|Naum 2:10| Ограбена, опустошена и разурната е таа — срцето се топи, колената треперат; сите чувствуваат болки во бедрата, а лицата им се потемнети.
-
-
Português
Italiano
Espanhol
Inglês
Francês
Árabe
Mandarim
Hindu
Alemão
Свето Писмо (Гаврилова)
