-
За местото на Христовото раѓање и за царството на милоста.
-
|Miquéias 5:1| Утврди се сега тврдино. И пак сме опседнати, со прат ќе го бијат по образите судијата на Израилот.
-
-
-
|Miquéias 5:2| И ти, Витлееме Ефратов, иако си најмал меѓу илјадниците Јудејци, од тебе ќе ни излезе Оној, Кој треба да владее во Израилот и чие потекло е од почетокот, од вечноста.
-
-
-
|Miquéias 5:3| Затоа Он ќе ги остави до времето додека роди онаа, кој треба да роди; тогаш при синовите Изаилеви ќе се вратат и нивните други браќа.
-
-
-
|Miquéias 5:4| Ќе застане Он и ќе ги пасе со силата на Господа, со величието на името Господово, својот Бог — и тие ќе живеат во мир, зашто тогаш Он ќе биде велик до краиштата на земјата.
-
-
-
|Miquéias 5:5| И Он ќе биде мирот. Кога ќе дојде Асур во нашата земја и ќе стапи во нашето владение, тогаш ние против него ќе поставиме седум пастири и осум народни кнезови.
-
-
-
|Miquéias 5:6| Тогаш тие ќе ја испасат земјата Асур со меч, а земјата на Немрода покрај портите, и Он ќе нѐ избави од Асура, кога ќе дојде во нашата земја и ќе влезе во пределите наши.
-
-
-
|Miquéias 5:7| А остатокот од Јакова меѓу многуте народи ќе биде како роса од Господа, како ситен дожд по трева. Он нема да зависи од човек и нема да се потпира на синовите Адамови.
-
-
-
|Miquéias 5:8| И остатокот на Јакова ќе биде меѓу народите, меѓу многу племиња, како лав меѓу горски ѕверови, како лавче меѓу овчо стадо; и кога ќе се појави, ќе гази и ќе растргнува и никој не ќе може да се спаси од него.
-
-
-
|Miquéias 5:9| Тогаш ќе се крене раката Твоја над непријателите Твои и тие ќе бидат истребени.
-
-
-
|Miquéias 5:10| И во оној ден, вели Господ, ќе ги истребам коњите твои пред тебе и ќе ги уништам колите твои;
-
-
Português
Italiano
Espanhol
Inglês
Francês
Árabe
Mandarim
Hindu
Alemão
Свето Писмо (Гаврилова)
