-
Казна. Пророкување за разорувањето на Ерусалим.
-
|Miquéias 3:1| Затоа реков — чујте, поглавари Јаковови и кнезови на домот Израилев: зар вие не знаете што е право?
-
-
-
|Miquéias 3:2| А вие го мразите доброто и го сакате злото, ја дерете од нив кожата, и месото од коските нивни;
-
-
-
|Miquéias 3:3| јадете од телото на Мојот народ и ја дерете кожата нивна, а коските нивни ги стругнувате и ги кршите како за во сад, и месото нивно го дробите како за во котел.
-
-
-
|Miquéias 3:4| И тие ќе викаат кон Господа, но Он нема да ги чуе и ќе го сокрие лицето Свое од нив во времето, додека тие вршат злодејанија.
-
-
-
|Miquéias 3:5| Така вели Господ против пророците, кои го воведуваат во заблуда Мојот народ, кои гризат со заби — а проповедаат мир; а ако никој не им стави во уста ништо, против него објавуваат војна.
-
-
-
|Miquéias 3:6| Затоа, место видени, вие ќе гледате ноќ, место пророштво — темнина; и сонцето ќе зајде над тие пророци и денот ќе им потемнее над нив.
-
-
-
|Miquéias 3:7| Ќе се засрамат јасновидците, ќе бидат посрамени гледачите, и сите ќе ја затворат устата своја, зашто нема да добијат одговор од Бога.
-
-
-
|Miquéias 3:8| Но јас сум исполнет со силата на Духот Господен, со правда и цврстина, за да му ги кажам на Јакова престапите и на Израилот — гревот негов.
-
-
-
|Miquéias 3:9| Чујте ме сега, поглавари на домот Јаковов, и кнезови на домот Израилев, вие, кои се гнасите од правдата и што искривувате сѐ што е право.
-
-
-
|Miquéias 3:10| Вие, кои го градите Сион со крв и Ерусалим со неправда.
-
-
Português
Italiano
Espanhol
Inglês
Francês
Árabe
Mandarim
Hindu
Alemão
Свето Писмо (Гаврилова)
