-
Ветување на времиња за милост.
-
|Miquéias 2:1| Тешко им на оние што кројат беззаконија и на леглата свои измислуваат зли дела, и ги извршуваат штом ќе се зазори, зашто не ги издигнаа кон Господа рацете свои.
-
-
-
|Miquéias 2:2| Ќе пожелат ниви — ги заземаат насила, куќи — ги отимаат; и човекот го обираат, и куќата негова, мажот и наследството негово.
-
-
-
|Miquéias 2:3| Затоа вака вели Господ: »Еве Јас замислувам зло против тој род да пратам, кое не можете да го отфрлите од вратот свој, па затоа и нема да одите исправени; оти тоа време ќе биде лошо.
-
-
-
|Miquéias 2:4| Во она време ќе се зборува за вас, ќе плачат многу и ќе мислат: наполно сме разорени; делот од мојот народ е даден на друг; како да ми се врати? Нивните наши се веќе раздадени на другородци.«
-
-
-
|Miquéias 2:5| Затоа не ќе имам никого што ќе фрли жреб во собранието пред Господа.
-
-
-
|Miquéias 2:6| Не пророкувајте пророци; не пророкувајте им за да не ве постигне зло.
-
-
-
|Miquéias 2:7| О, ти, што се нарекуваш Јаковов дом! Зар се смали Духот Господов! Зборовите Мои зар не се благотворни за оној, кој постаува справедливо?
-
-
-
|Miquéias 2:8| Но народот, кој порано беше Мој, сега стана непријател, и вие им ја грабите не само горната туку и долната облека на мирните луѓе, што се враќаат од војна.
-
-
-
|Miquéias 2:9| Жените на Мојот народ ги истерувате од нивните пријатни домови; а од децата нивни ја одземате славата Моја.
-
-
-
|Miquéias 2:10| Станете и одете си, оти тој крај не е земја за почивка; поради нечистотија таа ќе биде разорена — и тоа со голема погибел.
-
-
Português
Italiano
Espanhol
Inglês
Francês
Árabe
Mandarim
Hindu
Alemão
Свето Писмо (Гаврилова)
