-
Гедеон ги победува Мадијамците.
-
|Juízes 7:1| И порани Јеровоам, односно Гедеон, утрината и сиот народ, што беше со него, и се сместија при изворот Арад; мадијамскиот, пак, логор беше на север од него, кај ридот Море, во долината.
-
-
-
|Juízes 7:2| И Господ му рече на Гедеона: »Со тебе има многу народ, не можам да ги предадам Мадијамците во негови раце, за да не се возгордее Израилот пред Мене и да каже: ‚мојата рака ме спаси‘.
-
-
-
|Juízes 7:3| Затоа разгласи да чуе народот, и кажи: ‚Кој се бои и е плашлив, нека се врати и веднаш нека оди на гората Галад‘«. И се вратија од народот дваесет и две илјади души, а десет илјади останаа.
-
-
-
|Juízes 7:4| И му рече Господ на Гедеона: »Народ сѐ уште има многу; одведи ги кај водата, таму ќе ти ги одберам; за кого ќе речам: ‚да оди со тебе‘, нека оди со тебе; а за кого ќе ти кажам: ‚не треба да оди со тебе‘, нека не оди.«
-
-
-
|Juízes 7:5| Тој го одведе народот кај водата. И му рече Господ на Гедеона: »Кој лока вода со јазикот свој, како што лока куче, него стави го настрана, исто така и сите оние, што клекнуваат за да пијат вода.«
-
-
-
|Juízes 7:6| И бројот на оние, што локаа со уста од рака, беше триста души; а сиот друг народ коленичеше, за да пие вода.
-
-
-
|Juízes 7:7| И му рече Господ на Гедеона: »Со тие триста, што локаа, ќе ве спасам и ќе ви ги предадам Мадијамците во рацете ваши, а сите други нека си одат секој во своето место«.
-
-
-
|Juízes 7:8| И тие ја зедоа храната од народот за себе и трубите нивни, и Гедеон ги распушти сите Израилци по шаторите, а задржа кај себе триста души. Мадијамскиот логор, пак, беше подолу од него — во долината.
-
-
-
|Juízes 7:9| Во онаа ноќ Господ му рече: »Стани, слези во логорот, зашто ти го предадов во твои раце.
-
-
-
|Juízes 7:10| Ако, пак, се плашиш да слезеш сам, оди во логорот со Фара, слугата свој;
-
-
Português
Italiano
Espanhol
Inglês
Francês
Árabe
Mandarim
Hindu
Alemão
Свето Писмо (Гаврилова)
